[Видео] Која е разликата помеѓу „пол“ и „род“?

Што се „пол“ и „род“ и што е „родово изразување“. Бидејќи во јавноста често овие термини се поистоветуваат, иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ изработи видео во кои ги објаснуваат овие основни термини за граѓаните подобро да ги разберат чувствата и иднетитетите на трансродовите лица.

Во видеото зборува активистката Лила Милиќ, а содржината е дел од Кампањата за видливост #ТрансИнФормирајСе, која ќе се спроведува во текот на овој месец.