[Видео] Кој управува со јавните претпријатија?

Наутро, додека сè уште сте облечени во пижами и го пиете топлото кафе, веќе сте добиле услуги од најмалку четири јавни или државни претпријатија во кои работат стотици раководители и илјадници службеници.

Во анимираното видео на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ се прикажани информациите добиени од Студијата за раководење на јавните претпријатија: „Кој тоа таму управува“, која покажува дека над половина од луѓето во раководните структури на јавните и државните претпријатија или немаат или имаат скромно искуство за позицијата на која се наоѓаат.

Анализата е дел од проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” кој го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство.