Во Македонија 86 подрачја се правно заштитени за да се зачува нивната специфична биолошка разновидност. Меѓутоа, повеќето општини, кои управуваат со нив, немаат пари да ги штитат, па природните реткости се уништуваат главно со дива сеча и загадување со отпад, се вели во документарецот „Кој ги штити заштитените подрачја?“ на #СамоПрашај.
„И од Министерството за животна средина признаваат дека не одвојуваат доволно пари за одржување на заштитените подрачја. Покрај заштитата на биолошката разновидност, од заштитените подрачја корист може да имаат и туризмот, фармацијата, медицината, текстилната, па дури и филмската индустрија, со што ќе се намали невработеноста и ќе се подигне животниот стандард на населението“, стои во најавата на документарецот.
Со документарецот за Орлово Брдо и за Лесново, #СамоПрашај го започнува серијалот на еколошки документарни филмови „Дома“.