[Видео] Кои се и што работат советниците од општина Центар?

Непосредното избирање на општински советници на локални избори е еден од начините со кои треба да се овозможи застапување на интересите на локалните заедници во управувањето со институтциите и носењето на политиките. Кај нас, тоа делува дека е добра бизнис прилика или барем отскочна даска за влез во „повисока“ политика, се вели во видеото на „Плоштад Слобода“. 

Оваа мала анализа се однесува на Општина Центар, но, велат од организацијата, поставете си ги истите прашања за вашите советници, од која општина и да доаѓате.

„Општински советници – како да дојдеме до нив? Што имаат сработено за време на својот мандат? Некои го веќе го тераат и третиот… Кој е Зоран Поповски, од каде во Центар доаѓа и на кој начин ги застапува интересите на локалната заедница од која даоаѓа? Зошто е член на 3 и претседател на уште 2 комисии? Која е Билјана Чурилова и кое е нејзиното влијание на Дебар Маало?
Зошто Томислав Лазаров, на условна казна за насилство, сметал дека може да биде добар општински застапник, а ние сме гласале за него? Кои се овие луѓе и од каде доаѓаат? Дали знаете како да дојдете до нив?“, се прашањата кои ги поставуваат од „Плоштад Слобода“ во своето второ видео за општинските советници.