[Видео] Ќуштеревска: Вложивме слободно време и сопствени ресурси за да ја реновираме Ботаничката градина

Ботаничката градина на Институтот за биологија во Скопје постои веќе 70 години, но дури од неодамна стана популарна во јавноста со отворањето на реновираниот стакленик. Распространета на 11 хектари, таа е дом на разни растенија, во улога на заштитник од штетните надворешните влијанија. Но, грижата за неа опаѓала со текот на годините, а денес за нејзиниот опстанок се грижат само еден работник и еден хонорарец. За да дојдат до ова што го имаат денес, студентите и професорите заеднички го посветиле своето слободно време, а во тоа им се приклучиле дури и нивните семејства. Рената Ќуштеревска од Институт при Природно-математичкиот факултет вели дека планови и идеи за да се оживее градината има, но им недостигаат средства.

Повеќе за Ботаничката градина во видеото на Емилија Петреска.