[Видео] Кирил Арсовски – Пржо: Ни недостасува еколошко образование

Во наставните програми во основните и средните училишта многу малку се изучуваат еко-системите, проблемите со кои тие се соочуваат, начините за решавање и поттикнување на акција.

Во влогот на РесПублика, биологот Кирил Арсовски – Пржо укажува и на погрешното толкување на термините од областа на екологијата.

Тој вели дека најчесто луѓето подразбираат чистење улици, урбана хигиена и слично, што го скратува нејзиното значење како наука, но и како неизоставен дел од живеењето на модерниот човек. Светли примери се амбициозните наставници, но и акции и кампањи иницирани од граѓанскиот сектор.