[Видео] Kid H.E.Y.O. и Mario Eddie – талентирани прилепчани во светот на денс-музиката

[Видео] Kid H.E.Y.O. и Mario Eddie - талентирани прилепчани во светот на денс-музиката

Kid H.E.Y.O. и Mario Eddie се двајца млади и талентирани прилепчани кои настапуваат како диџеј-двојка, исполнувајќи во живо свои верзии на познати денс-хитови. Како што велат самите, го направиле ова видео како трејлер за нивните настапи во живо.

Kid H.E.Y.O. (Игор Андреев) од Прилеп роден во фамилија на бас гитарист, го наследува генот на неговиот татко и уште на мали нозе учи гитара. Завршува основно музичко училиште на пиано. Неговата прва касета од Prodigy му го промени мислењето за денс музиката. Вo 2008 година заминува во Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи, и е резидент диџеј во Royal Ascot rooftop lounge bar. По неговото враќање во Макединија во 2010 за многу кратко заминува на канарските острови на Тенерифе Шпанија, каде е резидент диџеј во Sensual beach bar. Kid H.E.Y.O. неуморно работи на продукција а има и свое музичко студио во Прилеп.

Mario Eddie (Марио Кузманоски) има 18 години, cо музиката се занимава од млади нозе, наследувајќи го својот татко како DJ, во последниве 4-5 години. Почнал да пушта музика по радио станици, а подоцна во локалите на Прилеп и пошироко. Свири пијано и продуцира сопствена музика.