[Видео] Кевин Бејкон со иницијатива против коронавирусот

Актерот Кевин Бејкон, ѕвездата на „Мистична река“, „Футлуз“ и „Невидливиот човек“, е уште еден од серијата познати личности што преку социјалните мрежи се вклучи да ја подига свеста против ширењето на коронавирусот.

Тој апелираше до граѓаните дека во овие мигови на глобална пандемија е многу важно да седат дома.

Истовремено, Бејкон побара да постираат видео или фотографија со знак #IStayHomeFor (#СедамДомаЗа), и да напишат име на некоја личност поради која седат дома и да тагираат 6 пријатели.