[Видео] Кампања против говорот на омраза

[Видео] Кампања против говор на омразаГраѓанската организација Cre8ive8,  во рамките на Кампањата против говор на омраза, изработи неколку кратки видеа за поддршка на проектот.

Кампањата е насочена пред се кон младите луѓе на возраст од 13 до 30 години, а национален координатор е Агенцијата за млади и спорт.

Целта на проектот е зголемување на одговорноста при користење интернет, утврдување на говорот на омраза во онлајн комуникацијата и борба против секој вид дискриминацијата.