Започна Националната кампања против говорот на омраза

Истовремено со европската, во Македонија денеска беше промовирана Националната кампања против говорот на омраза на интернет насловена  „Младите луѓе за човековите права“. Целта на проектот е зголемување на одговорноста при користење интернет, утврдување на говорот на омраза во онлајн комуникацијата и борба против секој вид дискриминацијата.

Започна Националната кампања против говорот на омраза

Кампањата е насочена пред се кон младите луѓе на возраст од 13 до 30 години, а национален координатор е Агенцијата за млади и спорт. Според директорот на Агенцијата, Лазар Поповски, оваа кампања нема да се бори за ограничување на слободата на медиумите, туку има за цел да ја зголеми јавната свест и да помогне во полесно препознавање на говорот на омраза. Како дел од Националниот Комитет покрај надлежните министерства за овој проблем, вклучени се и повеќе граѓански организации.

Izjava Lazar Popovski by Radio Mof on Mixcloud

Најголемиот дел од активностите се однесуваат на проблемите со говорот на омраза на интернет, но како дел од кампањата е планирано да се спроведат и повеќе тренинзи за учениците од средните училишта, објаснуваат од Агенцијата за млади и спорт.

Проектот ќе трае една година, од март 2013 година до март 2014 година.

Добринка Темелкова