[Видео] Како се третираат младите зависници од Интернет во Кина?

Изралските режисери Shosh Shlam и Hilla Medalia добија дозвола да влезат во еден од кинесните центри за зависници од Интернет и да снимат филм за „депрограмирањето“ односно за лекувањето на овие, главно млади пациенти.

[Видео] Како се третираат младите зависници од Интернет во Кина?

Основан во 2005 година, прв од ваков вид во земјава, објектот е сместен во воена база и функционира како воен камп. Пациентите во него се подложени на војнички начин на живот, а во процесот на лекување се вклучени и нивните родители.

Кина е една од првите држави кои зависноста од Интернет ја признаа како клиничка состојба.  Последниот документарец е насловен „Web Junkie“ и го следи напредокот на три тинејџери и нивните родители низ процесот на лекување низ тримесечниот период колку што трае нивниот престој во кампот, објави BBC.