[Видео] Како се крадеше градот Струга од граѓаните?!

[Видео] Како се крадеше градот Струга од граѓаните?!Струшкото здружение за развој и активизам „Аква“  направи краток филм во кој на сатиричен начин се покажува како функционира „урбаната мафија“ во градот Струга. Видеото е снимено на повеќе локации, а на секоја од нив од „Аква“ имаат сериозни забелешки околу начинот на издавање градежни дозволи.

Од здружението „Аква“ во 5-минутниот филм точно ги посочуваат спорните локации во Струга, каде со новите објекти и пренамена на земјиштето, директно им се одзема градот на граѓаните.

Локација 1: Шеталиште-Магистрален пат
Со одлука на совет на општина Струга бр. 07-4070/6 од 28.07.2006 година ова шеталиште е преименувано во магистрална улица. Намерата, како што се гледа и денес, не е изградба на улицата туку создавање услови за градежни интервенции околу патот кој не случајно минува покрај целото струшко крајбрежје како атрактивен дел од земјиштето во атарот на општина Струга.

Локација 2: Забавно рекреативен центар – Зградиште
Овој објект, порано познат како „стара стружанка” имаше градежна маркица за забавно-рекреативна содржина. По продажбата на имотот се изгради четири пати поголем објект со содржина за деловни простории и индивидуално домување. Се до 2007 година се водеше како нелегален објект но во годините што доаѓаа приликите се менуваа, а со тоа и објектот се повеќе се легализираше. Последна фаза од легализацијата на овој објект се случува во 2011 година со стапување во сила на законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Локација 3-7: Струшко крајбрежје (Национално богатство или ничија земја)
Обидите за „освојување” на крајбрежјето датираат уште од 2004 година. Главни „борци” Министерството за транспот и врски и Општина Струга, кои претендираа кон зголемување на влијанието и уделот во управување со ова земјиште. Како институција со поголеми ингеренции, на крај „победува” Министерството. Но првичниот впечаток на граѓаните за тоа дека министерството се борело за воведување ред, контрола и заштита на крајбрежјето, се потврдија како неточни. Се покажа дека единствена цел била кој ќе го има „главниот збор” во тргување со овој дел од националното богатство. И така денес сме сведоци на цврсти градби од по 400 м2 кои се водат како краткорочен закуп на плажи, чии концесионери се надеваат дека краткорочниот ќе се замени со долгорочен закуп, што го прави еднаков на приватна сопственост.

Локација 8-10: МЈП „Проаква”, Затворен Базен, Фабрика „Стружанка”
Потврда за поседување на „Апетит за самоуништување”.