[Видео] Како правилно да постапувате кон лица со оштетен вид

Со едукативно видео со 10 практични примери и совети за правилно постапување кон лицата со оштетен вид, Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвениот крст на Град Скопје го одбележа 16-ти октомври, Светскиот ден на белиот стап.

Видеото било подготвено од страна на членови на тимот на Центарот, волонтери и корисници на Центарот при Црвен крст на Град Скопје.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.