[Видео] Како да се пропатува светот речиси без пари

Голем број луѓе секојдневно сонуваат како да го пропатуваат светот, иако секој од нив го има истиот проблем – недостиг на пари. Откако со години патувал низ светот, 29-годишниот Хрват Томислав Перко во својот говор за TEDx вели дека секој може да го направи тоа, ако навистина го посакува.

Тој започнал како брокер, но поради финансиската криза решил да се откаже од професијата и започнал со патувањето. Користел алтернативни начини на патување, со автостоп, со работење и волонтирање, успеал да талка низ светот со многу мала количина на пари во својот џеб, запознавајќи разни луѓе.

Пет години подоцна, Перко објавил и книга за своето искуство „1000 дена пролет“. Неговиот говор беше одржан за време на TEDx конференцијата во јануари оваа година во Лондон, и се уште претставува инспирација за многумина.