[Видео] Како да го пресметате јаглеродниот отпечаток на вашето училиште?

„Твоето училиште допринесува до забрзување на климатските промени. Како? Со тоа што троши струја и се грее на необновливи извори на енергија, а со тоа емитира СО2 во атмосферата“.

Ова стои во најавата за видеото на „Go Green“ направено со цел да се информираат учениците, како и сите вработени за начинот на пресметка на јаглеродниот отпечаток во нивните училишта, како и заштедата доколку инсталираат соларни панели.

Прирачникот и алатка за пресметка на СО2 отпечаток може да се симне тука: https://wp.me/p9FD5l-Kk

Видеото е изработено во рамки на проектот „Сакаме соларна енергија“ финансирано од ЕУ.