[Видео] Како да ги ублажиме последиците од климатските промени

Ние мораме да се откажеме од употребата на фосилните горива како јаглен, нафта и гас за загревање на нашите домови и бизниси како и за транспорт на луѓе и добра и да ги замениме со обновливи извори на енергија како сонце и ветар, советуваат од “Еко свест”.

Преку кратки едукативни пораки, појаснуваат што се климатските промени и како тие може да се ублажат.

“Откажување од фосилните горива како извор на енергија не е доволно – за да ги ублажиме последиците од климатските промени ние мораме да ги намалиме нашите потреби за електрична енергија. Да градиме енергетски ефикасни бизниси и домови, да користиме зелена инфраструктура за заштеда на енергија и да штедиме енергија во домот. Да бидеме генерациите што ќе ја зачуваат иднината”, стои во описот на едно од видеата.