[Видео] Jon Stewart објави дека го напушта „The Daily Show“

Популарната американска телевизиска личност Jon Stewart, по 17 години поминати како водител на хит-емисијата „The Daily Show“, објави дека се повлекува од шоуто оваа година.

Емисијата низ годините и даде ново значење на идејата за „лажни вести“. Новостите, главно од светот на американската политика, беа соопштувани на сатиричен, духовите начин, но со голема острина, прецизност и критичност.

Овој пат, веста за oткажувањето на нејзиниот водител и основач во овој формат, е мнoгу вистинска, а Stewart ја соопштил на снимањето на неговата емисија. Сепак, гледачите во САД имале можност тоа да го видат дури вчеравечер, кога емисијата се емитувала.

„Во моето срце, знам дека е време за некој друг. Немам специфични планови, но имам многу идеи во главата. Ќе почнам да вечерам со своето семејство во школски денови, а сум слушнал од повеќе извори дека тие се прекрасни луѓе“, рече Stewart, кој додава дека се уште работи на деталите на неговото повлекување, кое „може да биде во јули, а може и во декември“.