[Видео] Jeff Mills го подготвува продолжението на „Exhibitionist“

Детроитската техно легенда Jeff Mills работи на продолжението на култното издание „Exhibitionist“ од 2004 – се планира издавање на ЦД и двојно ДВД од аудиовизуелниот проект, а веќе има и трејлер за новиот проект.

„ДВД-то „Exhibitionist 2“ е дизајнирано да навлезе уште подлабоко во уметничката форма која ја претставува, не само во начинот на кој што диџејот ја користи најновата технологија, туку и во тоа како тој размислува во реално време за да создаде музика и да работи спонтано како музичар што свири акустичен инструмент или како солист кој смислува ритмови на лице место. Ова е ретка можност да се види како денешната технологија им дозволува на диџеите да бидат послободни, а со тоа и покреативни“, вели Jeff Mills.

„Exhibitionist 2“ ќе излезе и на три винил-плочи, а албумот и видеото ќе ги издаде издавачката куќа на Mills, Axis, во два дела, од кои првиот ќе се појави во продажба овој месец.

Exhibitionist2TrailerFR from AxisRecords on Vimeo.