[Видео] Јасно и гласно: Новата Комисија за заштита од дискриминација заглавена во бирократските лавиринти

Еден месец по именувањето, Комисијата за заштита од дискриминација се уште нема основни услови за работа, опремени простории и персонал, додека ги чекаат над 70 наследени и две нови преставки  за дискриминација. Новото тело од чија работа големи очекувања засега останува заглавено во административните лавиринти. Комисијата беше избрана по отсуство од скоро две години отсуство, формирана според новиот закон, со пошироки овластувања и за првпат како самостојно и независно тело.

Во денешната емисија „Јасно и гласно“, гостуваат двајца од новоименуваните членови Игор Јадровски и Исмаил Камбери. Со нив дискутираме за тоа што се случува со комисијата, какви се плановите за работа и кои се очекувањата откако еден месец по изборот не слушнавме ништо за нејзината работа…