[Видео] Јанкуловски: Студентите побројни на онлајн предавањата

Откако почнавме со онлајн настава, односно далечинско учење, малку невообичаено, но се зголеми учеството на студентите во наставата, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа, ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски.

За јунската испитна сесија тој вели дека се разгледуваат неколку опции меѓу кои и онлајн полагање на испити како и двојна испитна сесија.

Јанкуловски зборува и за недостигот на медицински кадри и за неуспешната приказна на дисперзираните факултети.