[Видео] Изградена фонтаната од 60.000 евра во Неготино

Изградбата на фонтаната од 60. 000 евра во Неготино е во завршна фаза. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како веќе извира вода од неа.

Нејзината изградба од самиот почеток предизвика лавина критики, бидејќи градот со децении има проблеми со водоснабдувањето.

Сегашната владејачка партија СДСМ обвинуваа дека ова е крајно непотребна инвестиција.

Фонтаната е предвидена со донесувањето на буџетот за 2017 година. Градоначалникот Ванчо Апостолов тврдеше за Радио МОФ дека фонтаната нема никаква врска со водоснабдувањето, бидејќи станува збор за кружен систем на концепт на пумпи.

„Тоа ќе биде еден од најубавите објекти изграден во градот што ќе го краси Неготино, а потрошувачка на вода нема да има ни колку половина домаќинство што троши. Така што, за два месеци треба да биде изградена, може секој да дојде да ја види, тоа е јавен проект, не само граѓаните на Неготино, туку и пошироко“, рече Апостолов во изјава за Радио МОФ.

Тој вети дека за една година целосно ќе се реши проблемот со водата во општина Неготино.

Фонтана од 60 000 евра во Неготино – разубавување на градот или промашена инвестиција