[Видео] Изградба на велосипедски линии без да се направи застој во сообраќајот

Видеото е создадено од градежникот Jeff Speck и уметникот Spencer Boomhower, а објаснува четири видови на тн. „диети на патот“, тренд кој се повеќе е присутен во во градовите во САД, во изминативе неколку децении.

Овие „диети“ или скусувања може да имаат неколку форми, но основната идеја е дека со отстранувањето на сообраќајните ленти, градовите можат да ослободат простор за велосипедските патеки и да се намали бројот на несреќи. Со стеснување на лентите за 3,6 метри, помала е веројатноста дека возачите ќе сакаат да ја зголемат брзината, а тоа покажало дека би се намалиле несреќите во кои се вклучени возачи, велосипедисти и пешаци.

И покрај тоа што ова можеби звучи дека ќе предизвика огромен метеж и дека ќе го отежни возењето, тоа може да се направи без да го одолговлечи возењето, некогаш дури и може да го намали.