[Видео] Инкубатор со габи кој претвора пластика во храна

Две австриски дизајнерки од Утрех универзитетот го развија инкубаторот наречен „Fungi Mutarium“ што пластиката ја претвора во храна.

Истражувачи од Јејл универзитетот во 2012 година открија ретка сорта на габа која може да го разгради полиуретанот, вид на пластика. После ова, следуваше истражување за тоа како габите можат да ја разградат пластика без притоа пластиката да ја задржи својата токсичност.

Во истражувањето се приклучи Катарина Унгер која ја даде идејата да се истражи можноста од пластика да се создаде храна. Таа и нејзината колешка Јулија Кајсингер создале мини-фабрика во која одгледувале мицелиум (корени) од двете сорти габи, Schizophyllum commune и Pleurotus ostreatus. И двете видови габи кои луѓето ги јадат можат да ја разградат пластиката.

Но, за да може добиената храна да се јаде, пластиката мора да се стави во комора за активација, каде УВ здраци ја стеризилизираат.

Унгер и Кајсингер веќе ги имаат вкусено габите и велат дека имаат неутрален вкус. Сепак, тие размислуваат за развој на рецепти како на пример со вкус на морков или чоколадо.

rt.com