[Видео] inFORM: Направа што ги спојува дигиталниот свет и реалноста

Петмина инженери од Tangible media group и од престижниот колеџ MIT го развија „inFORM“ – динамичен дисплеј на форми, кој има способност физички да гради тродимензионални форми, преку дигитална интеракција. Системот е создаден да комуницира со физичкиот свет околу него, односно да ги помрднува објектите на посебна табла. Идната примена на „inFORM“ се гледа во изработката на тродимензионални мапи, интеракцијата во гео-просторни анализи и архитектонските модели.

[Видео] inFORM: Направа што ги спојува дигиталниот свет и реалноста

Поради тоа што неговата функција многу тешко се објаснува со зборови, па дури и со фотографии, авторите го изработија ова одлично видео, во кое се демонстрира моќта на „inFORM“.