[Видео] Илјадници велосипедисти ја „освоија“ Будимпешта

Неколку илјади велосипедисти изминатиов викенд се организираа во настанот „I bike Budapest“, чија цел, според организаторите, е „прослава на велосипедизмот во градот“.

bdpst-2

И покрај тмурното време,настанот собрал рекорден број вљубеници во велосипедите, кои за еден час го „освоиле“ унгарскиот главен град. Настанот, секако, има за цел и да ја подигне свеста за велосипедскиот превоз – иако во последните години се изградени поголем број велосипедски патеки, и натаму е потребен развој, велат организаторите. Погледнете ја дрон-снимката од велосипедската колона: