[Видео] Хипер-реалност, видео за иднината која застрашува

Што ќе се случи ако се користат маркетингот и рекламирањето во преголема мера? Иднината секако дека тешко се предвидува, но и покрај тоа што не може да се знае што носи таа, ако сегашните трендови се некаква индикација, видеото на Keiichi Matsuda би можело да биде многу добар пример на она што не очекува. А тоа воопшто не е пријатно.

Насловено Хипер-Реалност (Hyper-Reality), шестминутното видео објавено на The Verge, го втурнува гледачот во еден свет каде што виртуелната реалност ги опфаќа речиси сите аспекти на фактичката реалност. Наместо таа да биде корисна, сепак, станува кошмар од реклами и објави од сите врсти. Погледнете го во прдолжение:

HYPER-REALITY from Keiichi Matsuda on Vimeo.