[ВИДЕО] „Hardfaced“ објавија видео за песната „Implored by Hate“

Охридскиот метал бенд „Hardfaced“ денеска на нивниот „Јутуб“ канал го промовираше видеото за песната „Implored by Hate“ од нивниот албум насловен „Dreamless Slumber At The Shores Of Youth“ (Бессона дремка на брегот на младоста).

Видеото е снимено за време на концертната промоција на албумот кој се одржа на 15 февруари во Младинскиот културен центар, а позади него стои Александар Цветаноски, кој исто така е и монтажер.

Бендот е формиран во 2004 година во Охрид, а во тој период покрај албумот „Бессона дремка на брегот на младоста“, имаат објавено уште три студиски албуми.

Поради ситуацијата со коронавирусот, бендот најави дека ги одложува закажаните концертни промоции во Белград и Софија, а на граѓаните им порачаа да останат во своите домови периодов, за како што велат, се да заврши што побрзи без посериозни последици.