Иницијативата „НаТочак“ сподели видео снимено на велосипедската патека долж бул. Партизански одреди на кое може да се забележи дека гранките од околните дрва се во висина на телото и главата на велосипедисте.
Тие упатија барање до Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“ – Скопје да се погрижи за одржување на безбеден и функционален велосипедскиот сообраќај преку уредување на јавните зелени површини.
„Претпоставуваме се подразбира дека не бараме сечење на дрвата, напротив, сенките од дрвата и околното зеленило се добредојдени за велосипедистите кои се директно подложни на сонце, дожд, снег и слично. Бараме соодветно поткастрување и уредување за да не пречат на безбедното одвивање на сообраќајот“, објаснуваат од иницијативата.
НаТочак ги повикуваат и надлежните од Град Скопје, во рамки на своите декларативни заложби за Скопје-Велоград, да се заложат, на терен, вакви пропусти од јавните претпријатија под негова надлежност да се искоренат.