[Видео] Граѓани страдаат додека невладините и институциите се караат кој е крив за уличните кучиња

Две деца на четиригодишна возраст, од кои едното почина, се последните жртви од напад на кучиња – нечии миленици, но и скитници. Речиси десет години во Македонија функционира светската програмата „Залови, стерилизирај, врати“, во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, но проблемот со уличните кучиња никако да исчезне.

Според невладината „Анима Мунди“, проблемот лежи во несовесните граѓани кои брзо се откажуваат од милениците и не ги стерилизираат на време. Институциите, пак, велат дека работат колку што имаат капацитет и средства, но дека невладините се тие што ја спречуваат нивната работа.

Радио МОФ го посети единствениот стационар во Скопје – „Вардариште“, кој впрочем е и еден од малкуте во државата. Ставовите во врска со проблемот со кучињата, но и можните решенија, слушнете ги во видеото што го подготвивме.

Е.П.