[Видео] Градот Скопје трета година плаќа за нов Луна Парк, а парк нема

Десет месеци откако Петре Шилегов ги стопираше градежните работи во Луна паркот, Градот Скопје сè уште е без проект за забавниот парк иако за оваа намена годинава ќе се потрошат 1,3 милион евра. Се знае дека ќе биде проширен и збогатен со нови содржини, но не се знае колку ќе чини и кој ќе го гради, се вели во новото видео на #СамоПрашај.

Додека се чека новиот, втор проект на овој градоначалник, Град Скопје веќе трета година ги плаќа обврските од планот на претходниот градоначалник: само во 2017 година се исплатени повеќе од 1,5 милион евра.

Во меѓувреме архитектите предупредуваат дека најавеното проширување на Луна Паркот ќе го доуништи градскиот парк.