[Видео] Град – пријател на младите

Младински Сојуз – Крушево го реализираше проектот „Град – пријател на младите“, за да се развиваат на способности кај младите луѓе, претставници на граѓански организации и локални младински совети од Крушево, Струмица и Општина Центар – Скопје. Целта е ефективно да се евалуираат локалните младинските политики и услуги во нивните заедници, да промовираат охрабрување, учество, активен ангажман и поддршка во процесот на креирање на младински пријателски градовите.

За време на проектот од осум месеци беа спроведени повеќе фази на активности – обука за млади за мапирање на младинските заедници, потоа мапирање на институции преку прашалници, фокус групи и интервјуа, а финално, во период од април до мај, беа организирани три тркалезни маси во општините.

На овие тркалезни маси, младите ги презентираа сетовите на препораки и мерки за јакнење на локалните младински политики во 3-те општини, (Крушево, Струмица и Центар) за кои што подоцна беше дискутирано за подобрување на заедниците и имплементација на препораките кои ќе резултираат со Град – 100% пријател на младите.

„Доколку сакате заедно да градиме мрежа на Градови – пријатели на младите, велат тое таму, поддржете нѐ заедно да ги истражиме можностите и предизвиците, да ги развиваме, тестираме и реализираме идеите, да соработуваме и делуваме за нови и силни младински политики и механизми на локално ниво. За повеќе информации контактирајте нѐ на контакт мејлот“, велат од Младински сојуз – Крушево.

Инаку, проектот „Град – пријател на младите“ е поддржан од Проектот за граѓанско учество на УСАИД Македонија.