[Видео] Говор кој бруцошите тешко ќе го заборават!

Николас Шелби, студент на факултетот Georgea Tech остави навистина силен впечаток кај сите бруцоши со својот мотивирачки говор.

[Видео] Говор кој бруцошите тешко ќе го заборават

Шелби ги поздрави штотуку запишаните момчиња и девојки на The Georgia Institute of Technology, во Атланта со многу инспиративен говор. Откако е поставен на You Tube, американските медиуми говорот го нарекоа епски и за памтење, пишува Yahoo News. Видеото за три дена е прегледано речиси милон пати.

,,Го избравме Georgea Tech затоа што го сакаме невозможното. А ова е школа опремена со ресурси и кадар кој ќе ни помогне да го направиме токму тоа“,  рече Шелби во своето обраќање кон 2 700 новозапишани студенти.

,, Наша мисија како студенти не е да ги следиме чекорите на астронаутите, добитниците на Нобелова награда или претседателите кои дипломирале пред нас, туку да направиме повеќе од нив, да ги скршиме џиновите под кои стоиме. Ако сакате да го промените светот, а студирате на Georgea Tech , тоа можете и да го постигнете! Ако сакате да направите штит како на Ironman, а студирате на Georgia Tech, тоа можете и да го постигнете!“ рече Шелби преполн со ентузијазам на факултетот каде и самиот тој студира. Собраните студенти неговиот говор го наградија со громогласен аплауз.