[Видео] Google купи апликација за споделување информации преку удар

[Видео] Google купи апликација за споделување информации преку ударИТ гигантот Google ја купи компанијата Bump Technologies, која развива мобилна апликација преку која се споделуваат податоци преку удар на два смартфони.

Технологијата Bump овозможува размена на контакти, фотографии, видеа и слично и за да го сторат тоа корисниците едноставно треба да ги допрат телефоните и нежно да ги удрат еден од друг. На сличен начин, ќе може и информациите од смартфонот  да се пренесуваат на компјутер, пренесуваат порталите кои ја следат информатичката технологија.

Според најавите од Google, апликацијата Bump ќе биде бесплатна за корисниците на Android и iOS,  додека 25-члениот тим на програмери на Bump ќе се приклучи кон Google. Финансиските параметри на договорот не се беа објавени, но според проценка на All Things Digital, Google платил меѓу 30 и 60 милиони долари.

Еве како работи Bump: