[Видео] Google ја укина „CAPTCHA“ – опцијата што докажува дека не сте робот

Google реши да ја укине опцијата CAPTCHA  што од корисниците бараше при посета на веб-страница или при оставање на коментар да се впишат броеви како би докажале дека не сте робот.

Новата опција се нарекува reCAPTCHA и за неа е потребно само да се штиклира полето наречено „Јас не сум робот“ и работата е завршена. Ова ќе биде доволно за на Google да му докажете дека сте човек.