[Видео] Гоце Симоноски: музика посветена на вселенскиот телескоп „Хабл“

Минатата година ова време (24 април), кога светската астрономска заедница одбележуваше 25-годишнина од лансирањето на вселенскиот телескоп „Хабл“, македонскиот композитор и музички продуцент Гоце Симоноски ја објави својата специјална композиција, посветена на важниот астрономски инструмент.

Вселенскиот телескоп „Хабл“ (Hubble) е лансиран на 24 април 1990 година. Оттогаш, тој стана непроценливо важна алатка за модерната астрономија и физика, а преку него кој се направени бројни истражувања и откриени нови сознанија за вселената.

Заедно со авторската музика, Симоноски подготви и колаж од фотографии од вселената направени од „Хабл“: