[Видео] Гласот на младите: Вилдан Дрпљанин

За тоа колку институциите имаат слух за потребите на младите, како и за состојбата со човековите права во С. Македонија, во новата епизода на видео серијалот на Нова ТВ „Гласот на младите“ свои размислувања дава Вилдан Дрпљанин, магистер по меѓународно јавно право.

Во рубриката „Гласот на младите“ редакцијата на Нова ТВ разговара со повеќе млади луѓе кои ги споделуваат своите размислувања со цел да допрат до сите како поттик и инспирација, а најмногу до оние кои се одговорни во институциите.