[Видео] Гитара направена од лопата

Музичарот Роб Скалон е сопственик на првата гитара направена од градинарска лопата, жици и EMG pickup.

Во музичкото видео во кое Скалон свири на „домашната гитара“, ја раскажува „вечната приказна за човек кој порадо би ја користел лопатата за свирење, отколку за копање“.

Гитарата ја изработил Роб од YouTube каналот I Like to Make Stuff, кој наскоро ќе објави туторијал за тоа како да се направи гитара од лопата.

Извор: Mashable