[Видео] Ги прашавме студентите на УКИМ што сакаат да се смени во 2020

,,Да има течен сапун во ВЦ во текот на целиот ден, Да положам сè, Да завршам факултет со здрав хепар”… се дел од пораките кои ги красат новогодишните елки поставени низ факултетските ходници.

Радио МОФ го посети кампусот на УКИМ каде успеа да ,,улови” неколку минути од студентите. Ги прашавме кои се нивните желби за 2020-та?

Студентите со кои разговаравме не веруваат дека промените ќе дојдат брзо, но се надеваат дека барем ќе бидат слушнати од надлежните.

*Првична аудио верзија од темата е објавена во склоп на емисијата Мегафон.