[Видео] Герила-акција: Кабини за дишење во Скопје

Во знак на поддршка на напорите на граѓаните и еколошките организации за решавање на проблемот со енормното загадување во Скопје, екипата наречена „Урбани уметнички акции“ постави 2 кабини за дишење свеж планински воздух во Скопје – кај Трговскиот центар Буњаковец и кај пазарчето во Аеродром.

Тие порачуваат дека преку оваа акција сакаат да помогнат на граѓаните барем малку да подишат чист воздух.

Акцијата ќе продолжи и наредните денови и ќе се носи нов свеж планински воздух.

По Скопје, планирано е акцијата да се спроведе и во Тетово.