[Видео] „Геноцид“ упатува силна порака за актуелните случувања во државата

„Геноцид“ е нова песна во изведба на младиот рапер познат под уметничкото име Dead Snare. Видео записот е сниман пред Порта „Македонија“, покриена во боите на Шарената револуција, а песната упатува силна порака за актуелните случувања во државата.

„Јасно, треба да намалат број, сами оставаат дупки во закон,
пак убиство надвор, секад убијците надвор, а други во затвор,
Глумиме Запад, големите риби се мали, а не се ни битни помалите,
а ние, ко да сме зомби добиле наредба пукај во младите“, се вели во дел од текстот на песната.

Аранжманот на песната го направи Лука „Рап позитив“, а камера и видео обработка е дело на Ангела Стојковска.