[Видео] Футуристичката зграда на Apple снимена со дрон

Втората зграда на Apple има значителен напредок во изградбата, покажува последната снимка со дрон. Зградата треба да биде готова кон крајот на 2016 година, а се наоѓа во Купертино, САД, поранешното седиште на Hewlett-Packard.

Еден од основачите и поранешниот извршен директор на компанијата Steve Jobs, во 2013 година најави дека зградата наликува на вселенски брод. Во зградата, со површина од 260 000 метри квадратни, се очекува да се вработат нови 12 000 вработени.