[Видео] „FreeQ“ – фестивал каде природата се среќава со технологијата, а ѓубрето станува уметност

„Онаму каде природата се среќава со технологија, ѓубрето се рециклира себеси и станува уметност, а луѓето се претвораат во гномови“.

Со ваква најава тимот на „FreeQ“ го објави официјалниот краток документарец за фестивалот од изминатава 2019 година.

„FreeQ – Freedom Qulture Gathering“ е собир во Полска каде се здружуваат хипици, алтернативци, креативци, слободоумни луѓе од цел свет. На собирот има предавања и работилници за алтернативни начини на живот, рециклирање и занаетчиство. Луѓе истовремено играат разни друштвени игри, жонглираат, пејат и играат околу кампот, јадејќи органска храна.

Сето ова се случува во природа обиколена со инсталации од рециклирани и органски материјали, во ритамот на музика која ги задоволува музичките истражувачи.

„Гномовите уживаат во повеќе активности: ритуалистичко обожување на Мајката Земја, правење какао, магични трикови…“, се вели меѓу другото во видеото за „FreeQ“.