[Видео + фото] „Градини на заедништво“ на микрофестивалот „Бостание“

Микрофестивалот „Бостание“ годинава се одржа со темата „Градини на заедништво“ и понуди разновидни образовни, културни и забавни активности, наменети за сите возрасти.

Настанот во општествената градина „Бостание“, инициран од „Зелената арка“, започна во 14 часот и траеше до вечерните часови, со повеќе работилници, готвење, изложба и музичка програма.

Се работеше за фестивал од отворен тип, со цел секој заинтересиран да дојде, да ѕирне во градината, да научи нешто за здруженото градинарство, да учествува во работилниците, или едноставно да ужива во дружба, музика, кулинарски авантури и самата градина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Во продолжение, може да погледнете и неколку фотографии од настанот во „Бостание“:

Видео и фотографии: Бојан Шашевски