[Фото] Во Бостание се промовираа книги и едуцираа деца за правење семенски „бомби“

Во Општествената градина Бостание се одржи промоција на детските книги „Семчињата“ и „Облакот и сончевата светлина“, напишани од Венета Иљовска.

Истовремено, освен дружбата со книгите, присутните деца имаа можност за забавно-образовни активности, како што е правењето семенски „бомби“.

Настанот беше организиран од „Зелената арка“.

Инаку, градината Бостание се наоѓа во скопско Ново Лисиче, претставувајќи уште еден придонес кон остварувањето на концептот за отпорен град, односно приспособување кон климатските промени и зајакнување на урбаната отпорност на Скопје.

Урбаното градинарство зема се поголем замав во градовите низ светот има за цел дружење и зближување на граѓаните преку претворање на јавните површини во градини, односно во оази за производство на здрава храна преку споделување искуства и одговорности.

Фото: Зелената арка