[Видео] Филозофот Анри Леви доби торта во лице од белградски активисти

Влијателниот француски филозоф Бернард – Анри Леви доби торта во лицето, за време на неговиот говор на филмскиот фестивал „Белдокс“ во Белград, по проекцијата на неговиот филм „Пешмерга“.

Тројца активисти, кои се претставиле како припадници на Сојузот на комунистичката младина на Југославија, потоа со навредливи зборови повикуваа тој веднаш да го напушти Белград.

Активистите покажаа и два транспаренти: „Бараше интервенција во Југославија, уште пред Југославија да се распадне“ и „Бернард Леви поддржува империјалистички убиства“, со потпис СКОЈ и симболот срп и чекан.

На нивната веб страница, тие посочуваат дека филозофот не е добредојден во Белград, бидејќи е „адвокат на империјализмот кој од страната на интелигенцијата има улога да ги оправда империјалистичките војни кои имаат цел освојување пазари и поробување на народот“. Нарекувајќи го „псевдо филозоф“. Нарекувајќи го „псевдо филозоф“, активистите како причина за нивниот протест ја истакнуваат и дамнешната изјава на Леви дека „Белград требал да се бомбардира 8 години порано“.

Леви, додека траел инцидентот, возвратил на младите дека тоа што се случува е фашистички чин. По смирување на ситуацијата, тој се вратил во салата и се заблагодарил на публиката која го гледала неговиот филм, додавајќи дека тоа што му се случило значи дека Србија не се променила толку колку што се надевале нејзините пријатели.

„Демократијата уште не победила во Белград. Вистината не сакаат да ја чујат сите во овој град. Да живее Европа и да живее демократска Србија во Европската Унија. Горд сум што денеска пред вас ги бранам достигнувањата на антифашизмот.

Посериозен инцидент спречиле снимателите и неколку луѓе од публиката.

Анри Леви торта во лице добил повеќе пати претходно. Последен пат во 2015-та година во белгискиот град Намир.

Организаторите на фестивалот „Белдокс“ побараа од државните и градските власти да ги заштитат гостите на фестивалот и да овозможат слобода на говор.