[Видео] Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?

Ви ја претставуваме третата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правени во соработка меѓу Pro Peace и Радио МОФ.

Во епизодата „Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?“ Максим Никифоровски, Ивана Драгшиќ и Ханис Багашов разговараат за улогата на филмот и музиката во постконфликтното општество во Македонија. Дали уметноста и нејзиниот универзален јазик успева да ги надмине етничките поделби денес и да се обрати подеднакво и до Македонците и до Албанците?

Во општество во кое недостасуваат повеќе професионалци во сите области, ќе се отвори темата за меѓуетничката соработка на полето на уметноста. Дали нашите филмски и музички уметници, во своите дела ги обработувале темите на помирување, колективна меморија и соочување со минатото, или постои тивка (само)цензура за да не ги будиме духовите од минатото?