[Видео] Фестивал „Озора 2019“: 20 години по првиот собир за затемнување на сонцето

Живописна видео ретроспектива на изминатото лето од Унгарија, каде повторно традиционално се одржа психоделичниот фестивал „Озора“.

Изминатата 2019 година, не само што беше посебна поради затворање на декадата, туку се случи и 20-годишнина од првиот собир на ова место, каде во 1999 година имаше прослава на целосното затемнување на сонцето на тогашниот фестивал „Total Solar Eclipse “. Во годините што поминаа, фестивалот помина низ повеќе трансформации, се ширеше и со стејџови, и со публика, и со разни активности за психоделичните посетители од целиот свет.

„Озора“ стана мини летен град за генерации млади и возрасни патувачи, хипици, алтернативци и психонаути.

Овој документарец претставува едно виртуелно патување и искуство од комплексот „Озора“.