[Видео] „Фанкот не е мртов“ – нова песна на „Контра напад“

„Бараш утопија негде? – Ти биди дел од неа. Донеси бар позитивна енергија и смеа, па и да врне фанкот секад ќе пичи под стреа. Слеан со хармонија, смеа во добра атмосфера!“, порачуваат Аце, Веле и Ване од „Контра напад“ со нивната нова песна насловена „Фанкот не е мртов“.

Во продолжение, слушнете ја песната, чиј видеоспот го изработи Тодор Тодоровски.

Инаку, песната е дел од нивниот нов албум „Нека вози“.