[Видео] Еволуцијата на женските имиња во САД од 1880 до денеска

Ова куса, креативна видеопрезентација ги следи промените во женските имиња во Соединетите Американски држави во секоја година од 1880 до 2013. Интересно е да се види како трендовите, филмовите, музиката и популарната култура воопшто влијаела на изборот на имињата низ децениите.

На пример, името Shirley било најпопуларно во 1930-те, кога актерката Shirley Temple била на врвот на славата. Во 1947, хитот на Buddy Clark, “Linda” го лансира ова име на врвот на популарноста. Од 1961, кога на власт доаѓа претседателот John F. Kennedy, најдавано име е она на неговата сопруга – Jacqueline, а популарноста на името Michelle расте во средината на 60-те, кога на топ-листите е истоимениот хит на The Beatles.