[Видео] Engage Kicks & Gigs: Милко

Во новата епизода на музичкиот серијал Engage Kicks & Gigs ви ги претставуваме Милко, бендот од западно Скопје. Тие ни гостуваа во Радио МОФ, исполнувајќи ги „Ноќ ко витез“, „Светлина“ и „Fence“. Милко се Сашо Митревски (гитара, вокал), Стефан Терпини (тапани), Филип Поповски (бас гитара) и Александар – Џо Господов (клавијатури).

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.

Звук: Ненад Трифуновски
Монтажа: Горјан Атанасов